Во рамки на кошаркарската Евролига синоќа се одиграа шест натпревари од 2.коло, а најубедлива победа оствари Реал Мадрид совладувајќи ја дома Црвена Звезда со 98:71. Предноста на домашен терен ја искористија и Анадолу Ефес, Баерн, Панатинаикос, додека победа на гости остварија Лимож и Уникаха.
Резултати од 2.коло: Реал Мадрид – Црвена Звезда 98:71, Анадолу Ефес – Емприо Армани 89:73, Баерн – Химки 69:60, Панатинаикос – Каршијака 85:73, Цедевита – Лимож 80:84 и Макаби – Уникаха 82:93.
Вечерва се играат уште шест натпревари: Жалгирис – Локомотив, Бамберг – Дарушафака, Лаборал – Олимпијакос, Стразбур – Фенербахче, Динамо Сасари – ЦСКА Москва и Барселона – Зиелона Гора.