Со натпреварот меѓу Реал Мадрид и Олимпијакос вечерва во шпанскиот главен град ќе биде отворена новата сезона во кошаркарската Евролига.
Елитното натпреварување од оваа сезона ќе се игра по нов формат. Шеснаесетте екипи ќе одиграат вкупно 30.кола, по принципот секој со секого (дома-гости), по што осумте најдобри ќе се пласираат во плејофот.
Во останатите натпревари од 1.коло кои на програмата се утре и задутре ќе играат:
четврток (13 октомври):
Галатасарај – ЦСКА Москва,
Милано – Макаби Тел Авив и
Црвена звезда – Дарушафака;
петок (14 октомври):
Уникс Казан – Барселона,
Фенербахче – Бамберг,
Панатинаикос – Жалгирис и
Басконија – Анадолу Ефес.