Реакција на МЗТ Скопје по обвинувањата од Работнички за лошо судење

Од:

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром денеска со писмена реакција по вчерашните обвинувања од таборот на Работнички за лоша арбитража на првиот финален натпревар од плејофот одигран синоќа, во кој сино-белите славеа убедлива победа.

„Она за кое што КК МЗТ Скопје Аеродром најостро реагира е тоа што стручниот штаб на КК Работнички го прави на секој меч со МЗТ Скопје, а тоа е постојаното влегување во теренот и вршење притисок врз официјалните лица, нешто за кое што во секоја друга лига би било драстично санкционирано.

Постојано слушаме како Работнички е голем клуб, но со своите постапки покажува особини кои не му доликуваат на еден од најстарите и најтрофејните тимови во нашата држава. За своите порази не треба постојано да се бара алиби кај судиите, кај МКФ, кај сите други освен во сопствените редови“ се вели во соопштението од МЗТ Скопје Аеродром.

Актуелниот првак не пропушти да ја потенцира добрата организација на натпреварот, за што свој придонес имаат и двете навивачки групи со нивниот однос
Сепак, од таборот на МЗТ Скопје, предупредуваат дека се подготвува сценарио кое нема да и донесе добро на македонската кошарка.

„Се шпекулира за иницирање на инцидент кој ќе биде главен повод за напуштање на финалето и бојкот на натпреварите. Доколку се остварат таквите најави би биле голем срам за КК Работнички и за мак-баскетот вооопшто“, пишува во соопштението на МЗТ Скопје Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос