Раул: Одгравме одлично, сега треба да се фокусираме на финалето

Од:

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез по победата против Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим и за пласманот во финалето, каде „црвено-црните“ ќе го бранат трофејот од лани. Вардар немаше проблеми со противникот откако оствари победа со 33-24, но шпанскиот стратег сепак имал грижи пред натпреварот, бидејќи тимот немаше официјален натпревар цели 25 дена.

– Бев загрижен за мечот против Мешков, бидејќи тие секогаш играат добро против нас. Одигравме одлично во одбраната, за што помогна многу Штербик. Во вториот дел посебно нашата одбрана беше перфектна. Среќен сум, бидејќи немавме одиграно официјален меч 25 дена. Сега треба да се фокусираме на финалето, изјави Гонзалез по мечот.

Голманот на вардарци, Арпад Штербик пак изјави дека Брест е сериозна екипа и со нив секогаш се игра тешко.

– Со Брест никогаш не се знае. Без оглед на тоа што имаат повредени играчи, Брест е една сериозна екипа. Влеговме во мечот со желба да ги победиме, и излеговме со позитивен резултат, рече голманот на Вардар.

Во однос на противникот во финалето, Штербик додаде дека не му е важно кој ќе биде и останува императивот за победа на домашен терен.

– Против кого и да играме, ќе биде тешко. Сега треба да се одмориме пред финалето, изјави Штербик.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир