Расте стравот за исчезнатиот ирски фан во Полска

Од:

Семејството на ирскиот фудбалски фан во Полска моли за помош во потрагата по нивниот исчезнати син.

21-годишниот Џејмс Нолан, се разделил од неговите пријатели во ноќен клуб близу Познан, ноќта во саботата, и од тогаш му се губи секаква трага.

На помош во пронаоѓање на момчето е повикан и Интерпол, за да пронајде од каде зрачи сигналот на мобилион телефон за кои се надеваат дека ќе ги одведе до него.

Неговите родители се загрижени, бидејќи момчето од саботата навечер, не ја има користено својата платежна картичка. Родители Еси и Џими, вчера во изјава за ирските медиуми рекле дека се чувствуваат очајно и беспомошно. „Бевме загрижени, што ќе патува во Полска, но ова не го замислувавме ниту во најлошиот кошмар„ – раскажуваат родителите на Џејмс.

„Сеуште сакаме да веруваме дека е добар и дека ќе се појави секој миг“ – изјавиле Еси и Џими.

Џејмс заминал за Познан пред две недели како дел од навивачката група Зелената Армија. Неговото семејство вели дека бил воодушевен што ќе оди на патувањето заедно со уште шест пријатели со камп приколка.

Групата на момчиња во петокот се упатиле од Гданск во Познан, за да го следат натпреварот помеѓу Италија и Ирска. Тие зстанале во мало градче на 130 километри одалечено од Познан и изнајмиле соба во хостел за да можат да одморат од неудобното сместување во камп приколката.

Групата се упатила во ноќен клуб, но во раните утрински часови Џејмс се одделил од своите пријатели и од тогаш му се губи трагот.

Неговите пријатели ги провериле сите хостели, болници и полициски станици во близина на местото, но никој не го видел момчето.

Полската полиција го вклучи црвеното светло во потрага по момчето. Пребарана е и реката која тече низ малото градче Будгосц, каде одседнале момчињата. Иако телефонот е исклучен, „Водофон“ чиј претплатник било момчето се надеваат дека ќе можат да му влезат во трагата.

Џејмс наполнил 21 година во април. Работел како бармен во Блестингтон, а бил димпломиран билог и голем фудбалски фан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска