Раониќ и Мареј последни четвртфиналисти на Мастерсот во Мадрид

Од:

Милош Раониќ и Енди Мареј се двајцата тенисери кои последни обезбедија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид. Двајцата синоќа ги победија своите ривали (Маер и Грањолер-Пујол) со 2:0 во сетови.

Според денешната програма во четвртфиналето први на теренот ќе се појават Рафаел Надал против Григор Димитров, потоа е мечот на Џон Изнер и Томаш Бердих, Раониќ и Мареј трети ќе бидат на теренот, а последниот четвртфинален меч е меѓу Давид Ферер и Кеи Нишикори.

Во женска конкуренција се играат полуфиналните дуели, кои се најава на машките мечеви: Марија Шарапова – Светлана Кузњецова и Серена Вилијамс – Петра Квитова.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров