Канадскиот тенисер Милош Раониќ поради повреда на стапалото на десната нога го предаде четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло против Томаш Бердих (Чешка).
По седум одиграни гема и водство од 5:2 за Бердих, Раониќ по консултацијата со лекарите реши да го предаде мечот. Ова е трето полуфинале за Бердих, по 2007 и 2012 година што воедно е негов најдобар пласман на овој турнир.
Утре во полуфиналето Бердих ќе игра со победникот од мечот меѓу Гаел Монфис и Григор Димитров.
Во другите два четвртфинални меча ќе играат: Новак Ѓоковиќ – Марин Чилиќ и Рафаел Надал – Давид Ферер.