Канадскиот тенисер Милош Раониќ триумфираше на турнирот во Бризбејн откако во финалето го совлада Рожер Федерер со 2:0 во сетови. Двата сета Раониќ ги доби со 6:4 во гемови за 87 минути.
Воедно ова беше одмазда за поразот во ланското финале на истиот турнир. Ова беше само втора победа за Раониќ против Федерер во нивниот 11-ти меч.
Раониќ стигна до седмата титула во својата кариера, а прва по септември минатата година кога победи во Санкт Петербург.