Рангник: Повик од Јунaјтед не се одбива

Од:

Кога ќе ве повика клуб каков што е Манчестер јунајтед тоа не се одбива, рече денеска германскиот фудбалски стратег Ралф Рангник (63) на првата прес-конференција откако седна на клупата на „Црвените ѓаволи“.

-Тоа е еден од најголемите, ако не и најголемиот клуб во светот, и среќен сум што ќе работам со оваа група играчи, изјави Рангник, кој ја почна својата улога на привремен тренер на Јунајтед до крајот на сезоната, откако му беше одобрена работната дозвола и сите други неопходни документи.

Рангник порача дека ги следел последните натпревари на Манчестер јунајтед и оти е запознат со состојбата во англискиот премиерлигашки фудбал.

– Секако, ги следев сите последни натпревари, дури и пред да ме контактираат од клубот. Прилично сум свесен што се случува во клубот и во Премиер лигата. Оваа екипа има талент и искуство, а главната цел е да се внесе рамнотежа во тимот. Доколку се погледне вкупниот број примени голови, тоа е во просек два по натпревар. Тоа едноставно е премногу, посочи Рангник.

Тој ќе дебитира в недела против Кристал Палас на домашен терен, а екипата ја презема седмопласирана со 21 бодови, 11 помалку од лидерот Челзи.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски