Ракометниот шампион Вардар ги почна подготовките

Од:

Ракометарите на Вардар од денеска ги почнуваат подготовките за новата сезона каде главна цел ќе биде одбрана на шампионската титула и што е можно подобар пласман во нок аут фазата во Лигата на шампионите.

На денешната прес-конференција беа претставени и шест од седумите засилувања на екипата: Тимур Дибиров, Михаил Чипурин, Алексеј Растворцев, Ален Тоскиќ и Матјаж Брумен. Од новите имиња недостасуваше само Стефан Терзиќ, кој има репрезентативни обврски.

За очекувањата и за составот спортскиот директор Русинот Сергеј Самсоненко изјави дека околу 93 отсто од екипата е комплетирана.

– Оваа сезона ќе биде долга и наша цел е да прикажеме и добри игри и во Лигата на шампионите, каде ќе играме против Барселона, ПСЖ, а искрено се надевам и Металург да го мине баражот, рече Самсоненко.

На местото на Веселин Вујовиќ, тренер ќе биде Зоран Кастратовиќ кој истакна дека сегашниот состав на Вардар ќе треба да се надопони уште со десен бек и со голман.

– Главна цел ќе ни биде одбраната на шампионската титула, пласман во нок аут фазата од Лигата на шампионите и пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата. Мислам дека овој фонд на играчи, со евентуалните засилувања ќе биде доволен да го постигнеме тоа. Оние играчи што нема да се изборат да бидат во составот, ќе бидат позајмени на други екипи, рече Кастратовиќ.

На подготовките во Крањска Гора, тој ќе смета на 19 ракометари, а Вардар ќе одиграа два натпревара со Марибор и со Тримо. Потоа следуваат турнирите во Струга, во Белорусија (организатор Брест Мешков) и во Нови Град (Хрватска).

Првиот натпревар во новата сезона Вардар ќе го има во СЕХА лигата против Металург, а првиот тренинг „црвено-црните“ ќе го имаат попладнево во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa