Ракометарките се подготвуваат за дуелите со Словенија

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за претстојните два дуела од квалификациите за Европското првенство 2016 година. Нашата репрезентација за противник го има тимот на Словенија.

На првиот тренинг отсуствуваше капитенот Елена Ѓорѓиевска, поради мала лекарска интервенција, додека поради повреди селекторот Симе Симовски не може да смета на Јована Саздовска, Зорица Десподовска и Ангела Тодоровска.

– Подготовките се одвиваат според зацртаната програма. Во претходниот период во договор на двата клуба (ЖРК Вардар и ЖРК Металург) имавме заеднички тренинзи и контролни натпревари што беше позитивно, а така ќе продолжиме и понатаму. Во нашата група сите селекции против нас се фаворити. Очекувам да одиграме добри натпревари, изјави селекторот Симовски.

Репрезентативките тренираат во СРЦ „Кале“ двапати на ден, до заминувањето за Словенија.За Марибор нашата репрезентација заминува во среда, а првиот дуел се игра во четврток во 17:30 часот. Натпреварот во Скопје е закажан за сабота во 20 часот и ќе се игра во СРЦ „Кале“.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ