Ракометарите со променет состав против Грција

Од:

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Данило Брестовац ги објави промените во списокот на ракометари за квалификацискиот натпревар против Грција.

На денешниот натпревар против репрезентацијата на Грција за обезбедување на пласман на ЕП 2020, селекцијата на Македонија ќе настапи со три промени во однос на претходниот натпревар одигран против Турција во Ескишехир.

На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото на Томислав Јагуриновски ќе биде Мартин Серафимов.

Македонија денеска во 18 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите против репрезентацијата на Грција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска