Ракометарите на подготовки во Охрид

Од:

Македонската ракометна репрезентација од денеска ги почнува подготовките за бараж дуелите со Грција. Избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе се подготвуваат во Охрид, а на стартот ќе недостасуваат неколку ракометари.

Поради проблеми со повреда и терапии нема да биде присутен голманот Петар Ангелов, па во негово отсуство е повикан Стефан Кимевски. Според селекторот Обрван, рехабилитацијата на Наумче Мојсовски е во добра насока и нема потреба да се ризикува со негово приклучување и настап на натпреварот во Атина.

Поради настапот со својата екипа Барселона на „фајнл фор“ турнирот во Келн овој викенд, капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров ќе се приклучи подоцна. Голманот Борко Ристовски истотака ќе доцни од причина што овие денови треба да го комплетира својот трансфер од Ал Ахли (Катар) во француски Кретеј.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa