Ракомет: Македонските клубови паднаа за две места во рангирањето на ЕХФ

Од:

Машките ракометни клубови од Македонија бележат пад од две места на најновата ранг-листа на ЕХФ, врз основа на која ќе се врши распределбата на места во европските купови за сезоната 2021/22.

Клупскиот ракомет во земјава сега е рангиран на петтото место во Европа. Лидер на листата e Германија, додека на втората позиција сега е Франција.

Ваквата промена, сепак, нема да влијае на тоа колку македонски екипи ќе играат во Европа следната сезона, што значи дека од земјава ќе има еден претставник во Лигата на шампионите и три во Европската лига на ЕХФ.

Оваа сезона во Лигата на шампионите ќе не претставува Вардар, додека во Европската лига играат уште Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир