Македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ ја заврши соработката со полскиот прволигаш Сласк Вроцлав, со што сега се отвара реална можност за ангажман во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Како што пренесуваат полските медиуми Рајковиќ и Слакс ја прекинале соработкако иако постоеше можност за продолжување на истата на уште една година.
Како една од главните причини за тоа е, можноста Рајковиќ да застане на кормилото на МЗТ Скопје, информација која изминатиот период ја пласираа дел од македонските спортски портали.
Доколку се случи тоа, и Рајковиќ се врати во домашниот македонски шампионат, тој с оМЗТ ќе има голема можност да атакува на шестиот трофеј во мак-баскетот. Имено, Рајковиќ го предводеше Фени Индустри, до три шампионски и два куп трофеи, во периодот од 2007 до 2011 година, а со кавадаречкиот тим триумфира и во регионалната БИБЛ лига.