Возачот на Ферари Кими Раиконен имаш пех пред стартот на денешната трка за Големата награда на Малезија. Финецот поради проблеми со болидот не се појави на стартот и покрај освоената втора позиција во квалификациите.
Механичарите не успеаја да го санираат проблемот со турбо-полначот и Раиконен остана без трка, иако веруваше дека може до висок пласман.
– Сигурен сум дека ако имав добар болид денес ќе остварев добар резултат. Не знам за што се работи. Вакви ситуации се случуваат понекогаш. Жал ми е што не настапив на трката, додаде Раиконен.
Другиот возач на Ферари, Себастијан Фетел имаше проблеми со болидот во квалификациите и поради тоа трката ја почна од последната позиција, но на крајот успеа да стигне до четвртото место.