Возачот на „Ферари“, Кими Раиконен, беше најбрз на денешните квалификации што се возеа за Големата награда на Монако низ улиците на Монте Карло.
Ова за Раиконен е прва пол позиција по девет години или вкупно 17.та во кариерата.
Веднаш до него во првиот ред ќе биде неговиот клупски колега Себастијан Фетел, кој имаше заостанување од 0.043 секунди, а третопласиран е Валтери Ботас од Мерцедес со 0.045 секунди.
Клупскиот колега на Ботас, Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот и го освои 13.то место во квалификациите.
Во вториот ред заедно со Ботас ќе биде Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул, додека неговиот клупски колега Даниел Рикардо е петтопласиран.
Во пресрет на утрешната трка Фетел (104) има шест поени повеќе од Хамилтон (98).
Стартот на трката е утре во 14 часот.