Пилотот на Ферари, Кими Раиконен, призна дека е уморен од сите шпекулации за неговото заминување на крајот на сезоната. Финецот рече дека го слуша истото веќе 15 години.
Светскиот шампион за 2007 година направи солидна кариера, но аналитичарите не го ставаат на исто ниво со возачи како Луис Хамилтон и Себастијан Фетел. Поради истекувањето на договорот на 38-годишниот Кими, се тврди дека Ферари прави напори да го привлече 10 години помладиот Даниел Рикиардо од Ред Бул.
– Приказната е иста секоја година, откако се сеќавам. Можеби веќе 15 години се вели дека сум го завршил овој пат. Јас ќе сторам сé што зависи од мене. Уживам во трките, тоа е единствената причина што сум тука. Како и за останатите, ќе видиме како ќе се завршат работите, изјави Ледениот.