Раца закажа прозивка на 18 јули

Од:

Македонска кошаркарска репрезентација на 18 јули во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе ги почне подготовките за пласман на Европското првенство во 2017 година.

Под водство на селекторот Драган Раца кошаркарите ќе имаат по два тренинга на ден.
Првите тест натпревари „црвено-жолтите“ ќе ги имаат од 5 до 7 август против националниот состав на Бугарија на гостински терен.

Потоа избраниците на Раца продолжуваат со тренинзите во Скопје каде на 17, 18, и 19 август ќе бидат домаќини на Трофејот Македонија.

Последнте контролни средби пред стартниот квалификациски натпревар против Луксембург на 31 август, македонските кошаркари ќе ги имаат во Љубљана од 22 до 25 август против репрезентација на Словенија.
По премиерата против Луксембург на 31 август, Македонија на 3 септември гостува во Велика Британија, на 7 септември во Кавадарци ја пречекува Унгарија, три дена подоцна на 10 септември на гостински терен игра повторно со Луксембург, на 14 септември во салата Јасмин во Кавадарци гостува селекцијата на Велика Британија, а последниот квалификациски натпревар црвено жолтите ќе го одиграат на гости кај Унгарија на 17 септември.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ