Раца: Ова е реалноста на македонската кошарка

Од:

По поразот од Велика Британија и загубените шанси за пласман на Европското првенство, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца, оцени дека Македонија во моментов нема квалитет да игра на уште една завршница на Евробаскет.

– Ова е реалноста на македонската кошарка. Играчите одиграа како што одиграа и не треба да бидат навредувани за ваквите резултати. Имавме многу проблеми, останавме без Марко Симоновски, потоа и без Дамјан Стојановски кој е клучен за овој состав, а немавме замена за него. Момците дадоа се од себе, но тоа е тоа. Не треба многу да жалиме, туку да се фатиме со работа, изјави по натпреварот селекторот Раца.

Србинот првенствено причината за лошиот резултат гледа во малата минутажа која ја имаат најголемиот дел од македонските кошаркари во своите клубови, но и неколкуте откажувања од репрезентацијата пред овие квалификации.

– Мора да бидеме свесни дека во иднина мора да се работи на тоа. Мора да се пуштат Македонците на терен. Да се направи некој систем каде мора сите играчи кои се повикани да дојдат и да играат како што тоа е случајот со, на пример, Велика Британија. Тоа е основна работа, дополни Раца.

За оваа македонска селекција сега останува формално да се одигра само уште мечот со Унгарија в сабота во Шолнок.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ