Екипата на Работнички го победи составот на Кожув и обезбедија место во плејофот на македонскиот кошаркарски шампионат.
Во првата средба од 10.коло на Супер лигата, одигран попладнево во салата „Парк„ во Скопје, домашните кошаркари се радуваа на победа со 69:66.
Горан Икониќ со 22 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која двоцифрен број на поени имаше и капитенот Јане Николовски.
Со оваа победа и учинок од 5 триумфи и 5 порази, Работнички го презеде второто место на табелата, во исчекување на двата натпревари закажани за утре во кои Струмица го пречекува Куманово, а Лирија е домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 9-0 (победи-порази), Работнички 5-5, Лирија 5-4, Кожув 5-4, Куманово 4-5 и Струмица 0-9.