Македонскиот прволигаш Работнички спогодбено се раздели со Гоце Седлоски и веднаш го именува Горан Станиќ за нов шеф на стручниот штаб. Негови соработници ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Тренер на голманите останува Матеј Миленков.
Станиќ денеска ќе го има првиот тренинг со тимот, а го очекува тешка задача во продолжението од шампионатот затоа што ФК Работнички со четири последовни порази си го загрози опстанокот во елитата.
Во следното коло Работнички ќе и гостува на Воска во Охрид.