Работнички се избори за финале во Плеј офот

Од:

Кошаркарите на Работнички со победата вечерва во мајсторката од полуфиналето од Плеј офот се изборија за финале и за борба за шампионската титула со МЗТ Скопје Аеродром.

Вечерва во салата „Градски парк“ во Скопје, Работнички славеше триумф над ланскиот финалист Кожув со 79:66 (19:18; 27:15;19:13 и 14:20) и со 2-1 во победи се избори за финалето.

По изедначената прва четвртина избраниците на тренерот Емил Рајковиќ (Работнички) во вториот период беа подобри како во нападот, така и во одбраната и на полувремето водеа со 46:33. На крајот од третиот период Работнички ја зголеми предноста и во последните десет минути „влезе“ со предност 65:46. Во последниот период гевгеличани само го „ублажија“ поразот.

Најдобар на теренот со „дабл-дабл“ учинок беше Дарко Кнежевиќ со 30 поени и 12 скока, додека Марко Симоновски постигна 15 поени (4 тројки). Во редовите на Кожув најефикасен беше Миладин Пековиќ со 16 поени.

Финалната серија МЗТ Скопје Аеродром – Работнички ќе стартува на 27 мај (вторник), а првиот натпревар се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Финалната серија се игра во три добиени натпревари.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос