Кошаркарскиот клуб Работнички вечерва прослави 70 години постоење, а спектаклот во „ВИП Арената„ во СЦ „Јане Сандански“ со своето просуство ја зголеми ланскиот финалист од Евролигата и еден од најдобрите европски клубови Фенербахче. Победник на овој натпревар очекувано беше гостинот со 90:60, во чии редови настапи и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.
Покрај Антиќ тренерот на Фенребахче, Жељко Обрадовиќ на располагање ги имаше и другите ѕвезди на тимот како Богдановиќ, Датоме, Диксон,…
Повеќе од 7.000 гледачи имаа ретка можност да проследат настап на голем број познати кошаркарски имиња, а овој натпревар воедно беше и последниот во клупски дрес за Тодор Гечевски. Тој во игра влезе во последните минути од првиот период и по постигнатиот кош со аплауз беше испратен на клупата од публиката.
Најпрецизен на дуелот беше Виктор Ефремовски од Работнички со 15 поени, а Мишановиќ постигна 14 и Илиевски 13 поени. Кај гостинот најмногу се истакна Џиџи Датоме со 14 поени, а втор стрелец е нашиот Перо Антиќ со 13 поени.