Вечното дерби кошаркарско меѓу Работнички и МЗТ Скопје сепак ќе се игра во предвидениот термин и тоа со присуство на публика.
Откако МВР излезе со предлог натпреварот меѓу „лутите“ ривали да се игра пред празни трибини, а потоа и барањето на Работнички да пролонгирање на терминот, Комисијата за натпреварување при МКФ го одби ваквото барање, па средбата ќе се игра во предвидениот термин петок од 17:30 и тоа со присуство на публика.