На полувремето на 125-то вечно кошаркарско дерби помеѓу Работнички и МЗТ, Работнички има убедливо водство од 44:18.
Тимот на шампионот е непрепознатлив на ова дерби, а Работнички доминираше во сите сегменти од играта.
Димчевски постигна 9 поени за тимот од градски парк, додека во тимот од скопски Аеродром Шеховиќ имаше 3 поени.
Атмосферата е еуфорична на ова 125-то одмерување на силите.