Работнички ја оствари 10. победа

Од:

Кошаркарите на Работнички очекувано стигнаа до десеттата победа во Првата македонска лига.

Работнички забележа убедлив триумф со 99-31 во дуелот од 10. коло против подмладениот тим на Карпош Соколи.

Најефикасен беше Виктор Ефремовски со 23 поени, Кирил Николовски постигна 14, а Славчо Темелковски запиша 11 поени. Андреј Атанасов и Иван Сапунџиев со 22, односно 19 поени беа најпрецизни кај „соколите“.

Андреј Магдевски беше предводник на Фени Индустри во победата над Шкупи со 83-79. Магдевски средбата ја заврши со 30 поени, додека Јане Петровски постигна 16, а Горјан Марковски 12 поени за кавадаречкиот тим.

Вечерва ќе се одигра уште еден меч во кој Куманово е домаќин на второпласираниот тим на табелата Блокотехна.

За утре, од 17 часот, закажани се средбите, Струмица – Гостивар и Кожув – Пелистер, додека натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и АВ Охрид ќе се игра на 25 декември поради денешното гостување на шампионот во Белград кај Партизан во дуел од АБА лигата.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он