Работнички изедначи на 1-1 во финалето на плеј офот

Од:

Екипата на Работнички со вечерашната победа од 89:83 (19:22; 12:23; 34:20 и 24:18) изедначи на 1-1 во добиени натпревари во финалето на кошаркарскиот плеј оф. Со овој триумф тие ја прекинаа серијата без пораз (26 дуели) на шампионот МЗТ Скопје Аеродром, во натпревари од домашниот шампионат, која траеше повеќе од 400 денови (последен пораз 24.април 2013 година од Кожув).

Првото полувреме со сигурна игра им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, кои во финишот стигнаа и до највисоките +14 на полувремето (45:31). За пет минути во вториот дел Работнички со серија од 19:4 го презеде водството во 26.минута (50:49). Десет од тие 19 поени ги постигна Дарко Соколов. До крајот на третиот период екипите се менуваа во водство, за по 30 минути да биде 65:65.
Во последниот период Работнички ја продолжи серијата поени и во неколку наврати имаше 9 поени предност (највисока) за конечен триумф од 89:83 и по повеќе од 2,5 години да постигне победа над „лутиот“ ривал.

Најефикасни на дуелот беа репрезентативците Дарко Соколов (Работнички) и Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) со по 21 поен.

Следниот натпревар од финалето на плеј офот се игра во недела.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос