Работнички и Шкендија оптимистички влегуваат во финалето на купот на Македонија

Од:

Во редовите на Работнички и Шкендија владее оптимизам пред финалето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Работнички, кој е бранител на титулата, ќе се обиде да го освои третиот последователен трофеј во ова натпреварување.

– Многу сум горд на фудбалерите за ова седмо финале на Работнички и ќе се обидеме да освоиме титула. Ја респектирам екипата на Шкендија, покажаа дека имаат квалитет и нијанси ќе го одлучат победникот, изјави тренерот на Работнчки Томислав Франц.

Капитенот на Работнички Милан Илиевски, верува дека тимот од Дебар Маало може да стигне до „три во низа“.

– Ниедна екипа досега не успеала да освои три титули во Купот по ред и можам да кажам дека ќе го дадеме максимумот, за да ја испишеме историја на клубот, истакна Илиевски.

Тимот од Тетово се уште се нема радувано на ваков трофеј, а најблиску беше во 2013 година, кога во финалето загуби од Тетекс на пенали, додека во сезоната 2005/2006 беше поразена од Македонија ЃП со 3-2.

– Сите играчи се здрави, ќе дадеме се од себе, со надеж дека ќе го освоиме трофејот од Купот на Македонија. Екипите се со ист квалитет и се надевам на добар фудбалски натпревар. Според резултатите сме фаворити, но дуелот со Работнички нема да е нималку лесен, истакна тренерот на Шкендија Бруно Акраповиќ.

Финалето од Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкендија ќе се игра во понеделник на националната арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски