Путин: Русија чесно го доби СП, на Блатер треба да му се додели Нобеловата награда

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е 100 проценти сигурен дека неговата земја на чесен начин ја доби организацијата на Светското првенство во 2018 година и апелира на се уште актуелниот претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, да му се додели Нобелова награда.

– Не постои дилема, ние сме 100 проценти сигурни дека на чесен начин ја добивме организацијата на Светското првенство 2018. Што се однесува до Блатер, тој е почитуван човек. Неговиот хуманитарен придонес е огромен и заслужи Нобелова награда, рече Путин на традиционалната прес-конференција во Москва.

Рускиот претседател го спомна и проблемот со допингот во спортот, по суспензијата на Атлетскиот сојуз на Русија поради недозволено работење.

– Одговорноста за допинг треба да е индивидуална, а официјалните претставници на спортот во сите меѓународни организации треба отворено да се борат против допингот, порача Путин.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски