Претседателот на Русија, Владимир Путин го повика премиерот на Полска Доналд Туск да ја обезбеди сигурноста на руските навивачи не само на вечерашниот натпревар со Грција, туку и до крај на првенството.
Путин бил загрижен за ситуацијата со руските навивачи на ЕП.
„Организаторите ја сносат одговорноста за сигурноста на сите гости на првенството, рече портпаролот на Путин за агенцијата Итар Тасс.
На националниот стадион во Варшава вечерва покрај грчките навивачи ќе има и 20.000 Руси, што е дупло повеќе отколку со мечот против Полска.
Хаосот кој се случи низ Варшава пред дуелот на Полска со Русија може да се случи и вечерва.
Полските навивачи тврдеа дека ги нападнале Русите зашто ги провоцирале со прошетките низ Варшава и прославата на Денот на државноста.