Британскиот боксер Ентони Џошуа ќа ја брани титулата светски првак во тешка категорија на меч закажан за 28 октомври во Кардиф, Велс.
Противник на Џошуа ќе биде бугарскиот боксер Кубрат Пулев кој доби право да го предизвика шампионот како првак во ИБФ верзијата. Договорот за борба е потврден од двете страни.
Џошуа кој е сопственик на ВБА, ИБФ и ИБО појасот во тешка категорија, досега ги има добиено сите борби во професионалната кариера и неговиот скор е 19-0. Последна негова „жртва“ беше Владимир Кличко.
Предизвикувачот Пулев во 26 борби доживеал само еден пораз, од Владимир Кличко во 2014 година, при неговиот прв обид да стане светски шампион во тешка категорија.