ПСЖ подобар од Нант на Лазаров во француската пресметка во Лигата на шампионите

Од:

Француското дерби во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите му припадна на ПСЖ, кој славеше во Нант со 31:35 и го задржа лидерското место во групата.

Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров постигна шест голови и заедно со Ривера беа најефикасни во поразената екипа.

Кај ПСЖ одличен натпревар одиграа Абало со седум и Хансен и Тофт Хансен со по шест гола.

По 11 одиграни натпревари во Б-групата, ПСЖ е лидер со 10 победи и само еден пораз, додека Нант има биланс од три победи, исто толку нерешени и пет загубени средби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ