ПСЖ негира продажба на Нејмар или Мбапе и ги нарече новинарите шизофреници

Од:

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ ги негираше вестите дека поради запазување на финансискиот фер-плеј, клубот ќе мора да го продаде Нејмар или Килијан Мбапе. Претходно, вакви информации се појавија во француското издание на„Л’Екип“.

– ПСЖ повторно се прашува за главната цел на „Л’Екип“ и, особено, нивните активности во однос на клубот. Веќе има многу докази дека нивната цел е да ја расипат атмосферата во тимот. Последниот случај – публикацијата за Кавани пред натпреварот со Стразбур. Она што тие кажуваат за нас во весникот секој ден ја докажува нашата слава, но во исто време зборува за шизофренија на раководството на весникот, стои во клупското соопштение на Пари Сен Жермен.

Неодамна, парискиот клуб, исто така, протестираше поради објавувањето на веста дека во натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ – Црвена ѕвезда” (6:1) имало обид да се намести резултатот.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

А1он

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените