ПСЖ му соопшти на Нејмар под кои услови ќе го продаде

Од:

Раководството на Пари Сен-Жермен откри под кои услови ѕвездата на тимот, Неамар може да замине. Тој во неколку наврати изрази желба да го напушти „Парк де Пренс“, за последен пат кога се сретна со спортскиот директор Леонардо вчера.

Менаџментот одговорил смирено на напаѓачот дека тој не може да си замине туку-така и ќе биде продаден само при понуда, која ќе врати голем дел од инвестицијата направена за да го купи пред две години од Барселона. Тогаш парижаните платија 222 милиони евра.

До сега, ПСЖ фрли вкупно повеќе од 300 милиони евра за да ги задоволи сите барања на Бразилецот за плата, бонуси, чартери, имот за живеење и што ли уште не. Па така, ако Каталонците го сакаат назад, тие ќе мора да вратат доста од тоа.

Додека чека за трансфер, Нејмар мора да започне нормални тренинзи со својот сегашен клуб. Тој денеска ќе помине лекарски прегледи, кои неговите колеги ги поминаа пред една недела. Напаѓачот нема да патува со другите за контролната со Динамо Дрезден, но најверојатно ќе лета за остатокот од пред-сезонските подготовки.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ