Францускиот Пари Сен Жермен ја продолжува својата потрага за нов напаѓач на тимот, а на листата е и Душан Влаховиќ. Напаѓачот е едно од трите или четирите имиња на списокот на „светците“, објави Фабрицио Романо.
Доверливиот италијански новинар не ги откри имињата на останатите, но затоа челниците на ПСЖ стапиле во контакт со Јувентус за да дознаат кои се нивните барања и условите српскиот центарфор да се пресели во Париз.
Она што е сигурно е дека тимот од Торино ќе го продаде Влаховиќ само во случај на значајна понуда, барем онаа во опсегот што тие самите ја испратија до Фиорентина кога го доведоа. Не се споменува заем.
Dušan Vlahović is one of the options in Paris Saint-Germain list, as revealed here on Sunday. 🔴🔵🇷🇸
Understand PSG had contacts today to understand asking price/conditions of the deal.
ℹ️ PSG have 3/4 options.
Juve only open to let him leave in case of important bid. NO loan. pic.twitter.com/ICpgDjKAPN
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 11, 2023
Да потсетиме, претходно италијанските медиуми објавија дека за Влаховиќ се распрашувал и Челзи, а дека Јувентус наводно не сакал да го продаде за помалку од 75 милиони евра.
Влаховиќ израсна во Партизан, од јануари 2018 до јануари 2022 година играше за Фиорентина, а потоа се пресели во Јувентус.
Влаховиќ (23) минатата сезона за торинскиот клуб одигра 42 натпревари и постигна 14 голови.