Првото засилување слета во Њукасл

Од:

Најбогатиот клуб на островот почна да го засилува својот тим. Со денови се шпекулираше, се лицитираше за нивните потенцијални засилувања, а сега е јасно кој е прв.

Станува збор за ни помалку ни повеќе туку за младиот италијански репрезентативец Сандро Тонали.

Њукасл за Тонали ќе му плати на Милан 70 милиони евра.

Договорот ќе биде потпишан на 6 години, поточно до јуни 2029 година, а Тонали ќе заработува 8 милиони годишно, плус бонуси кои можат да пораснат и до 2 милиони.

Договорот ќе биде официјализиран на почетокот на трансфер периодот, односно на 1 јули.

Интересно е колку Њукасл се грижи за овој играч. Тие го подготвија својот лекарски тим да замине во тренинг кампот на младата италијанска селекција во Романија за што поскоро се да биде готово.

Истото го направија и со Бруно Гимараеш.

Би можело да ве интересира

Тoнали е под истрага за обложување, на фудбалерот на Њукасл му е дозволено да тренира со тимот

ВИДЕО: Капитенот на Њукасл се испотепа со осуммина, летаа шишиња и боксови

Предраг Петровиќ

Саудиските газди на Њукасл вкупно инвестирале 450 милиони фунти во клубот

Саудиските газди на Њукасл се инвеститори во компанијата која го купи Челси?

Хов седна на клупата на Њукасл

А1он

Њукасл ги замоли навивачите да не се облекуваат во арапски стил

А1он