Прволигашите ја бојкотираа жрепката за стартот на кошаркарскиот шампионат

Од:

Извикувањето на натпреварувачките броеви, односно жрепката за почетокот на новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија, сепак на истата мина без претставници на ниту еден прволигашки тим.

Главната причината за „бојкотот„ на прволигашите е одлуката за зголемувањето на цените на лиценците, пред се за странските кошаркари, која ја најави МКФ, а која екипите од првата лига на ја прифаќаат.

Воедно Здружението на кошаркарските прволигаши (ЗКП) пред неколку дена побара и целосни ингеренции за управување со лигата, на што МКФ се спротивстави.

Според најавата од Куќата на кошарката (МКФ), сезоната во Првата лига треба да стартува со 8 екипи, а во вториот дел треба да се приклучат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи кои сезонава веќе играат во две меѓународни натпреварувања, па затоа се слободи во првиот дел од шампионатот.

Воедно МКФ информира дека приклучувањето на овие два тима ќе зависи од конечната одлука по спорот меѓу ФИБА и УЛЕБ.

Челниците на федерацијата, заедно со ВД комесарот за натпреварување Владо Цветковски, во текот на денешниот ден испратиле ново соопштение до сите прволигаши, во кое авторитетно се става до знаење „кој е кој“ и во чија сопственост ќе биде лигата, како и конкретни рокови за плаќање на лиценците, чија висина Наумоски очигледно нема намера да ја намали во однос на претходните барања.

Што се пднесува до ждрепката, во првото коло треба да играат:
Струмица – Вардар, АВ Охрид – Пелистер, Работнички – Куманово и Кожув – Фени Индустри.

Сепак. Останува да се види дал уште еднаш новата сезона на македонскиот кошаркарски шампионат повторно ќе биде одложена. Имено, првенството требаше да стартува претстојниот викенд 15-16 октомври, но почетокот беше пролонгиран за една седмица односно 22 октомври.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ