Прво финале за Ѓорческа во 2015-та

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се избори за своето прво финале оваа година во поединечна конкуренција по денешната побаеда во полуфиналето против Бугарката Јулија Терзијска. Ѓорческа до триумфот стигна во два сета со по 6:2.

За „тежината“ на победа на Ѓорческа говори фактот што Терзијска на својот шести фјучрс воегипетското туристичко место Шарм Ел Шеик во 2015 година има забележителни резултати, двепобеди, две финалиња со скор 24-4 (победи-порази) и ова и е втора елининација во полуфинале.

Македонката утре во финалето ќе игра со победничката од мечот Болквадзе (Грузија) – Јашина (Русија).

Ѓорческа токму со денешната противничка Терзијска попладнево во финалето во двојки ќе играат против полските тенисерки Кулик и Силвановиц.

Нашата тенисерка во својата кариера во сингл има освоено две титули – 2012 во Арад, Романија и2014 година во Варна, Бугарија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров