Екипите Локомотив Кубан и Лаборал поведоа со 1-0 во победи во дуелите со Барселона и Панатинаикос во разигрувањето на кошаркарската Евролига.
На првиот меч од четвртфиналната серија, која ќе се игра до три добиени натпревари, руската екипа Локомотив до предност од 1-0 против Барселона стигна по победа со 66:61.
Водство од 1-0 синоќа оствари и Лаборал кој ја искористи предноста на домашниот терен и убедливо го победи атински Панатинаикос со 84:68.
Вторите натпревари меѓу овие тимови ќе се играат утре, повторно во Кубан и Виторија, по што серијата ќе се пресели во Барселона и Атина.
Вечерва на програмата се вторите дуели меѓу ЦСКА Москва и Црвена звезда, односно Фенербахче и Реал Мадрид во кои домаќините имаат предност од 1-0 во победи.