Ракометарите на Македонскиот вице првак Металург во четвртиот натпревар сезонава од СЕХА лигата ја постигнаа првата победа. Синоќа на домашен терен го победија Татран Прешов со 27:21. Со исклучок на почетното водство од 1:0, гостите од Словачка беа во негатива до крајот на мечот.
Металург на полувреме водеше со 14:9, а по само 10 минути игра во вториот дел водеше со највисоки осум голови разлика (20:12). Но, гостите сериозно се заканија и во 47.минута Металург имаше сам о три голови разлика 21:18. Сепак тоа беше се од противникот и Металург предводен од Филип Талески , кој беше најефикасен со 7 голови и голманот Дарко Арсиќ, кој имаше 12 одбрани стигна до првиот триумф сезонава во СЕХА лигата.
На другите натпревари одиграни вчера: Мешков Брест – Веспрем 16:19 и Нексе – Извиѓал 39:29.
Табела: Вардар 13 бодови (5 натпревари), Веспрем 9 (4), Цеље 9(5), Мешков Брест 7 (4), ППД Загреб 3 (2), Горење 3 (2), Металург 3 (4), Нексе 3 (4), Татран Прешов 3 (3), Извиѓач 0 (3).