Македонската хокеарска репрезентацијa денеска ја забележа првата, историска победа, реванширајќи им се на младите бугарски хокеари за вчерашниот пораз.
Македонија до победата дојде по изведувањето пенали со 4:3 откако резултатот по 60.минути беше нерешен 3:3.
Бугарија која на двете контролни средби со Македонија настапи со играчи до 20 години, ја доби првата третина со 2:1, Македонија во втората третина направи резултатски пресврт и поведе со 3:2, а во последната гостите успеаја да стигнат до пенал серијата, исто како вчера.
Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Внук два и Давор Атанасов, а Внук беше реализатор и на решавачкиот пенал за победа на „црвено-жолтите“.
Сепак, за разлика од вчерашниот меч, денеска среќата беше на македонска страна.
Двата натпревара се играа на лизгаште на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.