Милош Раониќ успеа во второто денешно четвртфинале на Мастерсот во Париз да направи изненадување и да го победи Рожер Федерер.
Со овој триумф Раониќ ги задржа шансите за пласман на завршниот Мастерс што се игра во Лондон и воедно ова беше негова прва победа над Федерер во седмиот меѓусебен меч.
Раониќ првиот сет го доби во тај брек 7:6 (7:5), а во вториот сет решавачкиот брејк го направи во 11.гем на сервис на Федерер и потоа без проблем го освои гем на свој сервис и го доби сетот со 7:5.
Негов ривал во полуфиналето утре ќе му биде Томаш Бердих, кој со 2:1 во сетови го победи Кевин Андерсон.
Во другите два четвртфинални меча вечерва играат Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј и Давид Ферер – Кеи Нишикори.