Прва победа на македонските ракометни надежи на турнирот во Бугојно

Од:

Ракометната кадетска репрезентација ја оствари првата победа на 5-от меѓународен турнир „Ракометот е мојата иднина“ кој се одржува во босанскиот град Бугојно.

По поразите од Полска и Словенија македонските ракометни надежи во рамките на 3.коло, последно во групната фаза, беа подобри од домашната селекција на Босна и Херцеговина, која ја совладаа со 33:29, иако на полувреме загубеа со 17:19.

Две дијаметрално спротивни полувремиња одиграа црвено-жолтите. Во првиот дел имаа и четири гола негатива, но во вториот во еден миг водеа и со пет гола разлика, а средбата ја завршија со победа од четири гола 33:29.

Димитар Димитриоски кој постигна 12 гола и голманот Матеј Петковски кој имаше 13 одбрани беа најистакнатите поединци во нашата репрезентација, која групната фаза ја заврши на третата позиција, па во разигрувањето ќе се бори за петтото место на турнирот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска