Кошаркарите на ЦСКА Москва вечерва ќе ја имаат првата шанса да обезбедат пласман на завршниот Фајнал-фор (Ф-4) турнир во Евролигата.
Московскиот тим вечерва гостува во Белград каде од 20 часот и 45 минути ќе го започне третиот меч против Црвена Ѕвезда во плејофот серијата подобар до три победи, во која ЦСКА веќе има два триумфи, остварени на средбите одиграни во Москва.
Доколку ЦСКА слави победа вечерва руската екипа ќе биде првата која ќе обезбеди пласман на завршниот „Ф-4’’ турнир кој годинава ќе се одржи во Берлин од 13 до 15 мај.
Иста таква шанса утре ќе имаат Фенербахче и Лаборал, кои на гостувањата кај Реал Мадрид и Панатинаикос ќе влезат со предност од 2-0 во победи, додека Барселона и Локомотив Кубан имаат по една победа.