Прв веслачки маратон на Охридското езеро

Од:

На 19. септември во водите на Охридското езеро ќе се оддржи парвиот веслачки маратон, кој ќе стартува во Струга, а целта е во познатиот локалитет Канео во Охрид. За трката, која треба да стане традиционална, организаторот, веслачкиот клуб „Црн Дрим’’ од Струга обезбеди поддршка на Меѓународната организација за пловни спортски објекти ИЦС и светското движење „ Менс сана ин корпора сано’’.

Се очекува дека оваа манифестација ќе го зголеми интересот на младите за веслањето, спорт кој во последнава деценија се помалку е актуелен во Македонија.

Веслачите од Струга и Охрид имаат значајни остварувања на балканските веслачки првенства, а според стручњаците ангажирани во овој спорт на брегот на Охридското езеро и сега има талентиани веслачи кои со малку посериозен тренинг и поддршка на спортските форуми можат да бидат учесници и на Олимписките игри, светските и европските првенства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е