Полските власти го пронашле телото на ирскиот фудбалски навивач, чие исчезнување за време на изминатиот викенд предизвика голема полициска потрага.
Дваесет и едно годишниот Џејмс Нолан, кој допатува во Полска да ја бодри репрезентацијата на Ирска на Европското првенство, исчезна ноќта меѓу саботата и неделата во северниот град Бидгошч откако претходно со пријателите го гледал натпреварот во фан зоната.
Нуркачите извадијле тело од реката на момче и се смета дека тоа е исчезнатиот ирски навивач.
Официјален претставник од канцеларијата на обвинителот потврди дека полицијата ги пронашла и документите на Нолан покрај реката, во близина каде исчезнатото момче последен пат било видено по разделбата со пријателите.