Откако пред неполн месец Македонската кошаркарска федерација објави дека Драган Раца ќе биде новиот селектор на најдбрата машка репрезентација, денеска прв пат Србинот и беше претсавен на македонската јавност.
– Со самото прифаќање на оваа функција знаев дека мора да ја прифатам и обврската да ја однесам Македнија на ЕП, со што ќе се исполни целта, континуитет на Македонија на Евробаскетот, изјави новиот селектор Драган Раца.
Потврди дека веќе е изработена програмата за подготовките на тој начин што се е прилагодено на противниците во квалификациите, Велика Британија, Унгарија и Луксембург.
– Веќе имаме изготвена програма со која ќе се подготвуваме за квалификациите за ЕП 2017, со цел пласман на завршницата. Ќе се обидам да направам атмосфера во репрезентацијата со која во иднина ќе може да сметаме да ги подолжиме и надградуваме резултатите, изјави Раца.
Како дел од подготовките црвено-жолтите ќе настапат и на силен меѓународен турнир во Кина.