Седум години подоцна, повторно имаме нов „Фокус“. Семејството на еден од најпопуларните модели во хечбек сегментот е надграден. Многу нешта се променети по него, но од „Форд“ тврдат дека има и нешто сочувано – новиот „Фокус“ ќе биде исто толку пријатен за возење, како претходните модели.
Најважната промена е тоа што новиот „Фокус“ е помал, поширок, но подолг. Па така не само што изгледа поагресивно, туку и нуди повеќе простор за патниците. Тоа може и се само неколку сантиметри, но на задното седиште дефинитивно ќе се почувствува повеќе простор за нозете. Освен тоа, овогодинешниот „Фокус“ е за над 80 кг полесен од претходниот, што исто така ќе придонесе за пријатното искуство зад воланот. Суспензијата е исто така подобрена за уште поголема удобност.
Во прилог на стандардниот хечбек и караван, сега ќе имаме верзија „Vignale“. Ова е луксузна верзија на моделот – сорта, што ја знаеме од „Мондео“ и „Фиеста“. Внатрешноста е полна со кожа и дрво, а од надвор има брилијантно хромирани елементи. Осврнувајќи се на „Фиеста“, треба да забележиме дека многу делови од екстериерот и ентериерот на новиот „Фокус“ се приближуваат кон дизајнот на сегашниот модел на неговата помлада сестра. Но, ние нема да го обвинуваме „Форд“ за тоа.
Другата новина е „Фокус Актив“. Тој е повисок од стандардниот модел и има додадени елементи од цврста пластика. Па, едвај ќе можете да поминете по шумски терен, но сигурно ќе може да го искачите на некое повисоко место околу градот. За фановите на спортски изглед постои „СТ-Лајн“ – моделот, кој се карактеризира со спортски изглед на браниците и ауспусите.
Комбинираната верзија ќе ги добие сите други подобрувања и повеќе простор за багаж. Ако треба да споменеме бројки, волуменот на багажниот простор е 1650 литри, што е за 150 литри повеќе од порано.
Под хаубата ќе го најдеме долгогодишниот победник во натпреварот за мотор на годината – „ЕкоБуст“. Повторно ќе можеме да избереме помеѓу 1.0-литарскиот и 1.5-литарскиот бензински „ЕкоБуст“ мотор. Моќта ќе варира помеѓу 100 и 180 КС. Бензинските 3-цилиндрични мотори ќе можат да работат на 2 цилиндри кога е потребно, за да заштедат уште гориво. „Форд“ се уште ќе се потпира на дизел моторите. Ќе можете да го добиете новиот „Фокус“ со 2.0-литарски „ЕкоБлу“ дизел мотор.
Во прилог на 5-брзински и 6-брзински мануелен менувач, исто така, ќе биде достапен 8-степен автоматски менувач. Ќе има и ново копче за менување на режимите – наместо традиционалната конвенционална рачка за менување. Сега ќе можеме да додадеме станица за полнење на паметни телефони, нешто што не е присутно во сегашниот „Фокус“.
„Форд Фокус“ сега ќе биде опремен со „Форд Ко-Пилот 360“. Ова е пакет од функции за безбедност, вклучувајќи автоматско запирање при детекција на пешаци, помош при патните ленти, адаптивна „круз“ контрола и многу повеќе. Инфозабавниот систем исто така е надграден. Всушност, надограден за „Фокус“, бидејќи веќе го видовме во „Фиеста“. Одлуката за тоа екранот на допир да излегува од контролната табла не е најпаметен потег, но немаше начин „Фокус“ да избега од оваа нова визија на компанијата.
Фановите на големите брзини ќе мора да почекаат малку подолго. Очекуваме новата „СТ“ верзија да се појави до крајот на годината со околу 300 КС. Очекуваме и нов „Фокус РС“, но ова веројатно нема да се случи најмалку уште една година.
Се уште не знаеме колку ќе чини новиот „Фокус“ во Македонија, но во Англија, каде што прво е претставен, цените ќе започнуваат од 21.000 фунти, а луксузната „Vignale“ верзија ќе чини 32.000 фунти. Нема да е неосновано, ако кажете дека тоа е малку висока цена за „Форд Фокус“.
Додека сите зборуваат за кросовери и се борат за вниманието на купувачите во овој сегмент, хечбек моделите остануваат најпродавани. Се чини дека „Форд“ го знае ова и им дава на своите корисници она што им треба. Многу нови карактеристики, поголема удобност и безбедност, како и интригантен нов изглед.