Производството на осмата генерација „Голф“ ќе чини три милијарди евра

Од:

Автомобилската компанија „Волксваген“ соопшти дека во погонот во Возбург ќе инвестира три милијарди евра со цел да ја подготви фабриката за производство на новата, осма генерација на моделот „Голф“.

Средствата ќе бидат наменети за замена на опремата и алатите во погонот за производство, како и во новиот центар за дизајн и технички развој на возилата.

Од компанијата наведуваат дека со тоа вложување ќе се помогне во обезбедувањето на долгорочна бизнис иднина на брендот.

Според најавите, „Голф 8“ треба да биде претставен во 2019 година, а лансирањето на новата генерација временски ќе се пролонгира со појавата на „Волксваген“ електрични автомобили, кои ќе ги предводи И.Д. хечбег.

„Волксваген“ ќе го задржи постоечкиот четирицилиндричен 1,5 литарски турбо бензинец, а наместо актуелниот 1.6 литарски дизел мотори, предвиден е нов дизел мотор, со запремнина од 1.5 литри.

По регуларната верзија на „Голф 8“, ќе следат и спортски „Голф ГТИ“ и „Голф Р“ модели, со коњски сили до 250 до 350.

Плуг-ин хибрид ГТЕ исто така ќе биде на понуда, но не и електричниот „е-Голф“, кој ќе ги замени моделите на струја од споменатите И.Д. генерации.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска